Алегри: Тажен сум за заминувањето на Мурињо, Италија загуби голем тренер

by
1 минути читање

Вчера изутрина Рома му врачи отказ на Жозе Мурињо, се чини дека Португалецот заврши со Серија А, нема веќе да биде тренер во оваа лига.

Алегри и Мурињо отсекогаш имаат меѓусебна почит, во таа насока беше и изјавата на тренерот на Јуве.

„Тажен сум поради ова. Италијанскиот фудбал губи голем тренер. Видете што има направено тој во својата кариера, но и за Рома каде изврши исклучителна работа. Од надвор можеби се изгледа лесно, но внатре тој направи навистина голема работа, резултатите го покажуваат тоа“, вели Алегри.

„Тажен сум и поради односот кој го имавме. Му посакувам се најдобро во иднина“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×