Мурињо си ги спакува куферите и си замина со солзи во очите, Рома го потврди Де Роси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо доби отказ, сопственикот на Рома, Ден Фридкин утрово го информирал Португалецот дека завршува неговата авантура на „Олимпико“.

Па „Специјалниот“ си ги спакува работите и со солзи во очите го напушти тренинг центарот на „волчицата“ без да каже ништо, само се поздрави со навивачите кои го чекаа пред портите.

Во меѓувреме, Рома соопшти дека Даниеле Де Роси е именуван за нов тренер, легендата на клубот доби договор до крајот на сезоната.

Италијанецот попладнево пристигна во тренинг центарот во Тригорија за да го одработи првиот тренинг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×