„Браво за Белингам што не го одбра Манчестер јунајтед, жал ми е за играчите кои пристигнаа на Олд Трафорд“

by
1 минути читање

Џуд Белингем во 2020 имаше можност да се пресели во Манчестер јунајтед, но
Англичанецот реши да го игнорира интересот на „ѓаволите“ и ја одбра Борусија
Дортмунд.

Потегот се покажа како исправен, фудбалерот од средниот ред одлично се
снајде во Бундеслигата и минатото лето направи трансфер во Реал Мадрид вреден
преку 100 милиони евра, каде оваа сезона игра на врвно ниво.

„Имам разговарано со доста фудбалери пред да се преселат во Манчестер
јунајтед, им кажував како нема никогаш да жалат, дека доаѓаат во магичен клуб и
слично. Но кога сега ќе погледнам во минатото, изгледа дека сум им дал лош
совет. Тоа што им се случи по преселбата на Олд Трафорд е навистина тажно“

вели легендата на „ѓаволите“, Гери Невил.

„Ќе просперираа во други клубови. Одредини имиња, кои одбраа други клубови,
сега се прилично успешни“.

„Често мислам на Џуд Белингам. Манчестер јунајтед постигна договор со
Бирмингем, исто и Борусија Дортмунд и на крајот самиот играч одбираше каде сака.
И не знам како, ама тоа момче го одбра Дортмунд. Од денешна гледна точка можам само
да му кажам браво, сега е еден од најдобрите во светот“.

„Искрено не знам што ќе се случеше доколку пристигнеше во Манчестер
јунајтед. Не знам, можеби ќе беше успешен и тука бидејќи е навистина добар. Но
не сум баш сигуран со оглед на културата која во моментов е присутна на Олд
Трафорд и сите работи кои се случија“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×