Гвардиола избран за тренер на годината, па испрати порака до Инзаги: Само јас знам колку е тешко против Интер

by
1 минути читање

ФИФА вечерва во
Лондон ги избираше најдобрите во 2023 година, за најдобар тренер беше прогласен
Пеп Гвардиола, кој го предводеше Манчестер Сити до историска тројна круна.

Кога ја доби
наградата „Д Бест“, Шпанецот имаше по некој убав збор и за своите ривали,
Лучано Спалети и Симоне Инзаги.

„Ви благодарам
многу, најпрво би сакал да ја споделам оваа награда со Симоне Инзаги и Лучано
Спалети“
– почна Пеп Гвардиола.

Потоа на италијански,
тој продолжи: „Лучано, поради сезоната која ја имаше со Наполи, го освоивте
првенството, го освоивте Скудетото по толку многу, многу години“.

„Симоне, само ја
знам колку е тешко да се игра против твојот Интер, имаш извонреден состав“.

Тој потоа се
заблагодари на сите во Манчестер Сити, од сопственико и директорите, до играчите
и персоналот. Секако Пеп Гвардиола не го заборави семејството (братот,
сопругата, децата), како и неговиот 92 годишен татко, кој беше со него на
церемонијата во Лондон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×