Џејдон Санчо
минатата недела се врати во Борусија Дортмунд на позајмица до крајот на
сезоната, во саботата ги одигра првите миниту и покрај тоа што честири месеци
беше во немилост на Ерик тен Хаг, и веднаш направи разлика, му асистираше на
Марко Ројс за водство од 0-2.
По само неколку
дена од зделката се говори за негов перманентен престој на „Сигнал Идуна Парк“,
па Себастијан Кел беше запрашан какви се шансите Џејдон Санчо во целост да биде
купен.
„Да бидам реал,
шансите се мали. Манчестер јунајтед плати 85 милиони евра за него пред две ипол
години, и немавме никакви шанси да вметнеме клаузула за перманентен трансфер која
е економски изводлива“ – вели спортскиот директор на Борусија Дортмунд во
разговоро со Скај90.
„Платата е една
работа, трансфер сумата е сосема друга. Доколку Санчо се развие на начинот на
кој очекуваме, други клубови сигурно ќе се активираат летоска и тогаш тој
веројатно ќе биде категорија на играч кој Борусија Дортмунд тешко ќе може да си
го дозволи“.
„Но ајде да почекаме
и да видиме што ќе се случи летоска“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.