410
Милан остана на
-9 во однос на Интер, избраниците на Пиоли вечерва ја совладаа Рома со 3-1 на
Сан Сиро.
Резултатот беше
отворен во 11. минута, Адли со финта го „летна“ Кристенсен и потоа со десна
прецизно биеше за 1-0.
По десетина
минути игра во вториот дел, Милан поведе со 2-0. Адли нафрли, Кјаер спушти на пет метри, каде Жиру со глава рутински реализираше за нова радост на
домаќините.
Паредес од пенал
69. минута најави неизвесна завршница и намали на 2-1, но победникот беше решен
во 84. минута, кога Жиру и Тео Ернандез убаво проиграа а левиот бек финишираше
за 3-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.