Реал Мадрид ја
доби „Ел Класико“ пресметакта против Барселона во финалето на Суперкупот на
Шпанија.
Чави ја погреши
тактиката, реши да ја постави одбраната високо, па „кралевите“ имаа водство од
2-0 по само десетина минути игра.
Прво Винисиус Жуниор
доби одлична топка во фор, го помина голманот и ја затресе празната мрежа за
1-0, за потоа Родриго да избегне офсајд стапица и несебично да го проигра Винисиус
за 2-0.
Левандовски со
убав гол од врвот на шеснаесетникот намали на 2-1 во 33. минута, но Реал Мадрид
брзо се врати на два гола предност, Винисиус погоди од белата точка во 39. минута
за хет-трик и 3-1.
Кунде лошо
расчисти една додавање во 64. минута и му овозможи на Родриго да реализира за
4-1, а кратко потоа Араухо заработи втор жолт картон и исклучување, и тука беа решени
сите дилеми околу победникот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.