Првиот човек на судиите во Серија А објави осум погрешни одлуки, две се во корист на Интер

by
1 минути читање

Џанлука Роки
синоќа се појави пред медиумите откако во последно време зачестија поплаките за
судиските одлуки и употребата на ВАР.

Првиот човек на
судиите во Серија А идентификуваше осум пропусти од кои се чини најголем ќар
има лидерот Интер.

Инцидентите во
прашање се фаулот кој го направи Бастони на зачетокот од акцијата со која
„нероаѕурите“ го постигнаа победоносниот гол против Верона. Имало и прекршок од
Бисек при зачетокот на акцијата со која избраниците на Инзаги поведоа против
Џенова.

Три спорни
моменти се од натпреварите на Јувентус, еден е во корист на „старата дама“, двa се против. Болоња требала да добие пенал за стартот на Ајлинг Џуниор врз Ндоје,
додека пак Сасуоло требал да остане со играч помалку за стартот на Берарди врз
Бремер. Требало да биде покажен црвен картон и на мечот против Џенова, за
стартот на Малиновски врз Јилдиз

Бил направен
превид и на мечот помеѓу Монца и Лече, кога не требал да биде исклучен Федерико
Баскирото.

На Болоња требал
да и биде признен гол против Монца (мечот заврши 0-0), а сличен пропуст бил
направен и на дуелот помеѓу Сасуоло и Фиорентина, каде морал да биде признаен
голот на домашниот фудбалер Торствед.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×