Аргентинец кој делеше соблекувална со Роналдо: Му симнувам капа, нема врска тоа што се зборува за него

by
1 минути читање

Многумина го
доживуваат Кристијано Роналдо како арогантен, нарцисоиден или егоцентричен, ваква
слика си имал и Гонзало „Пити“ Мартинез, но Аргентинецот сега има само пофални
зборови за Португалецот откако двајцата делеа соблекувална во Ал Наср.

„Од самиот старт
се постави како еден од нас. Покажа дека е голем човек, му симнувам капа
бидејќи многу работи кои се зборуваат за него, немаат врска. Тој е многу скромен“

– вели популарниот Пити.

„Се стави на
нашето ниво, никогаш не глумеше дека е над нас. Кога имате прилика да
соработувате со некој секој ден, го гледате од поинаков агол“.

„Има огромен
натпреварувачки дух, оди до самиот лимит па понекогаш прави грешки, но од лично
искуство можам да ви кажам дека е одличен човек. Се што има освоено, самиот го
има заработено и заслужено. Има преминато преку еден куп пречки“.

„Задоволство ми беше
што делевме соблекувална, Роналдо навистина е голем“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×