Храброст или лудост: Севиља е во тешка криза а Окампос шутна пенал без да гледа во голот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Севиља е во голема
резултатска криза, само еден бод над зоната за испаѓање, а вчера им приреди ново
разочарување на навивачите и загуби дома од Алавес.

Гостите водеа со
0-2 на полувремето, но Севиља успеа да се врати во продолжението. Погодокот за
2-2 беше дело на Лукас Окампос, кој реализираше од белата точка. Аргентинецот се
најде во фокусот на фудбалската јавност откако изведе еден од најчудните
пенали, и шутна без да гледа во голот.

Големиот ризик му
се исплатеше, но не можеше многу да се радува, Алавес во финишот постигна гол
за 2-3 и го однесе трите бода.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×