Барселона закажа финале против Реал Мадрид откако со 2-0 ја совлада Осасуна, но популарните „Лос рохитос“ го кренаа гласот по крајот на натпеварот и се пожалија на судиска непревда, сметаат дека имало фаул на зачетокот од акцијата со која Левандовски погоди за 1-0.
„Во првото полувреме многу лесно се свиреа фаули во корист на Барселона, па доколку се направи паралела, и судијата го задржеше критериумот, стартот на Кристенсен требаше да биде фаул, јасно е дека на голот му претходеше прекршок“ – вели генералниот директор на Осасуна, Фран Канал.
„Барселона има пет пати поголем буџет од нас, па уште и кога судиите им помагаат, нема што да бараме, невозможно е да им се спротивставиме и да им парираме!“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.