Хет-трик на Милик и нов атрактивен гол на талентираниот Јилдиз, Јуве е во полуфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фросиноне во осминафиналето го шокираше Наполи на „Диего Марадона“, но денеска немаше простор за ново чудо, Јувентус не дозволи изненадување и славеше со убедливи 4-0 за пласман во полуфинале.

Резултатот беше отворен во 11. минута, Милик од пенал погоди за 1-0. Истиот играч пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0 на асистенција на Мекини.

На стартот од второто полувреме веќе беше 3-0, Локатели сервираше топка „на тацна“ а Милик по трет пат ја затресе мрежата и стигна до хет-трик.

По еден час игра во листата на стрелци се запиша и талентираниот Јилдиз, кој постигна нов атрактивен гол, акробатски закачи волеј и ги постави конечните 4-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×