Осасуна се жали на судењето, Барса закажа „Ел Класико“ во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Завршницата во Суперкупот на Шпанија донесе „Ел Класико“ во Саудиска Арабија, Барселона закажа пресметка со Реал Мадрид во финалето откако вечерва со 2-0 ја совлада Осасуна.

Резултатот беше отворен по еден час игра, Осасуна загуби топка на срдината од теренот, едно додавање беше доволно да го вметне Левандовски во гол шанса а напаѓачот не погреши и ја затресе мрежата за 1-0.

Осасуна смета дека голот е прилично контроверзен и требале да добијат прекршок, но ниту ВАР не ја корегираше одлуката на судијата.

Мечот беше решен во 93. минута, Жоао Феликс му асистираше на Јамал за конечни 2-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×