Томас Тухел побара засилување на дефанзивата, неколку имиња имаше на листата со желби, едно
време се шпекулираше дека Баерн Минхен нема да штеди пари и е подготвен да плати огромна сума (одредени извори говореа за 100 милиони евра) за ангажман на Роналд Араухо од Барселона.
Но една ваква зделка нема да се реализира, а другата опција на „баварците“ е 100% спротивна.
Шампионот на Германија вечерва го потврди трансферот на Ерик Даер од Тотнем, за кого сега нема да платат
ништо.
Во зависност од настапите и успесите на дефанзивецот, зделката на крајот може да изнесува 2-2,5
милиони евра.
Ерик Даер ќе добие договор само на шест месеци, со можност соработката да биде продолжена за
уште една година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.