Избраниците на
Клоп ќе патуваат со предност на реваншот во Лондон за две недели откако со
одлично второ полувреме го совладаа Фулам со 2-1.
Вилијан ги донесе
гостите во предност во 19. минута, Бразилецот одлично се снајде во
противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата за 0-1.
На стартот од
вториот дел, Фулам имаше неколку контри и полуконтри кои не ги заврши најдобро,
па Ливерпул казни.
Најпрво Џонс со
доста доза на среќа изедначи на 1-1, за три минути подоцна Нуњез да му асистира
на Гакпо за 2-1.
Овој меч уште
еднаш покажа дека никој нема клупа како Ливерпул во Англија, резервистите
допринеле за 30 погодоци (15 голови и 15 асистенции), 12 повеќе од било кој
друг клуб од Премиерлигата. Најмногу од нив се дело на Дарвин Нуњез (7), ниту
еден друг фудбалер нема ваков учинок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.