Многу пресврти и дури ОСУМ погодоци, Реал преку Атлетико во финалето на Суперкупот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал и Атлетико приредија
спектал во Саудиска Арабија во полуфиналето во Суперкупот на Шпанија, љубителите на фудбалот видоа многу пресврти, 120 минути борба и дури 8 погодоци.

Избраниците на
Симеоне поведоа во 6. минута, Ермосо по еден корнер донесе 0-1. Но по само
половина час игра, „кралевите“ го свртеа резултатот во своја корист и со головите
на Ридигер и Менди стигнаа до 2-1.

Во 37. минута
следуваше мајсторија на Гризман, Французинот се ослободи од неколку противници
и биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот за 2-2.

Атлетико се врати
во предност во 78. минута, Ридигер лошо се разбра со Кепа и си ја затресе
сопствената мрежа за 2-3.

Но Дани Карвахал
се погрижи мечот да оди во продолженија, прв стигна до една одбиена топка и погоди за 3-3 во 85. минута.

Во додатните половина
час, несреќниот Савиќ го измами својот голман по еден удар со глава на Хоселу
за 4-3, а кога Атлетико фрли се на една карта, Диаз во 122. минута стави точка
на натпреварот и го потврди билетот на Реал во финале.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×