Првиот човек на ПСЖ проговори за договорот со Мбапе

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
минатата недела изјави дека има „дил“ со Насер Ал Келаифи според кој сите
страни се заштитени, а медиумите шпекулираат дека напаѓачот ќе му прости на ПСЖ
помеѓу 80 и 100 милиони евра доколку летоска беспари замине од Париз.

Првиот човек на
„светците“ сега проговори на оваа тема, вели дека има џентлменски дил па нема да
открива суми и детали.

„Сакам Килијан
Мбапе да остане, според мене, тој е најдобриот фудбалер во светот и ПСЖ е најдобриот
клуб за него, тој е во центарот на нашиот проект“
– вели Насер Ал Келаифи.

„Точно е дека
имаме договор, како што кажа самиот тој. Но нема да зборувам за суми и детали,
се работи за дил помеѓу џентлмени. Можам само да кажам дека тука тој го има
најдобриот тренинг центар, најдобриот тренер. Секоја година играме во Лигата на
шампиони, и секогаш сме во завршницата… четвртфинале, полуфинале, финале.
Исто така и Лига 1 се промени многу, стана потешка и попозната ширум светот“.

„Ајде да го
оставиме Килијан на мира, тој никогаш нема да му наштети на клубот. Имам
доверба во Мбапе, тој е дел од семејството.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×