Тимо Вернер се
враќа во Премиерлигата и Лондон, но Германецот сега ќе го носи дресот на
Тотнем.
„Задоволни сме
што можеме да соопштиме дека го ангажиравме Тимо Вернер на позајмица од РБ Лајцпиг“
– гласеше известувањето на „спарси“.
Детали од
зделката не беа откриени, се шпекулира дека Тотнем ќе има опција за 17 милиони
фунти во целост да го купи фудбалерот по крајот на сезоната.
Изминативе денови
се шпекулираше дека на Тимо Вернер му требале само две минути да каже ДА,
тренерот Анге Постекоглу веднаш му го „продал“ проектот на клубот од Северен
Лондон.
„Многу сум среќен
што пристигнав тука, се преселив во многу, многу голем клуб и со нетрпение
чекам да ја почнам авантурата“ – вели Тимо Венер.
„Разговарав со
тренерот, и веднаш добив чувство дека треба да се преселам во Тотнем. Исто така
тактиката и стилот кои ги негува тој, перфектно ми одговараат“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.