Рафаел Леао во последно време не игра на потребното ниво, па неодамна доби свирежи од сопствените фанови и критики за недоволното залагање на теренот.
„Однесувањето на Леао е срамно“ – вели легендарниот Паоло Ди Канио.
„Во мое време, веднаш ќе му кажев дека не треба толку лесно да паѓа на тревата, дека не може да дрибла три, четири или пет пати, зошто друг треба да трча назад и да корегира“.
„Јас би го фатил за уши, доста со милување, време е за шлаканици!“
„Леао е важен фудбалер, но играч од негов калибар мора да понуди повеќе, мора да прави разлика. Доколку на секој натпревар игра онака како што умее, Милан ќе имаше далеку подобри резултати“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.