Наполи минатата
сезона се радуваше на првото Скудето по 33 години, но сега резултатите се далеку
под очекувањата. Руди Гарсија заработи отказ во ноември, но „наполитанците“ не
се ништо подобри и со Валтeр Мацари на кормилото.
Па за колку толку
да се спаси сезоната, Аурелио Де Лаурентис се решил за очајнички потег и обид
да го ангажира Антонио Конте.
Со цел стратегот
уште овој месец да седне на тренерското столче на „Диего Марадона“, првиот
човек на Наполи му нуди на Антонио Конте плата од 8 милиони евра по сезона и
тригодишна соработка.
Антонио Конте
исто така ќе добие бланко чек за засилувањe на тимот, нов спортски директор, а
ќе биде ангажиран и неговиот близок соработник Габриеле Ориали.
Аурелио Де Лаурентис
е подготвен и за специјална откупна клаузула, Антонио Конте летоска ќе може слободно
да си замине доколку не му се допадне начинот на кој се одвиваат
работите.
Сепак, се верува
деака Антонио Конте инсистира да почне со работа само по крајот на сезоната, па ќе го одбие и овој предлог.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.