Трите порази го натераа Арсенал да го одврзе ќесето, се водат преговори за трансфер вреден 50 милиони

by
1 минути читање

„Топчиите“ имаат пад во формата, само една победа на последните седум натревари и три порази во низа, па паднаа на четвртото место на табелата во Премиерлигата, и беа елиминирани во ФА Купот.

По синоќешниот пораз од Арсенал, Микел Артета беше запрашан за засилувања во зимскиот преоден рок, стратегот одби да даде коментар, но попладнево се појавија гласини за голем трансфер.

Неколку извори пренесоа дека Арсенал отворил преговори со Евертон за Амаду Онана.

Се шпекулира дека 22 годишниот фудбалер од Белгија е желен да се пресели на „Емирати“ и за брзо време може да падне договор.

Амаду Онана се проценува на околу 50 милиони фунти, за неговите услови минатото лето сериозен интерес пројави Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ немаа пари за една ваква зделка и се насочија кон позајмица на Софијан Амрабат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×