Победоносниот гол на Интер бил нерегуларен, судиите ќе бидат казнети (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер синоќа ја
совлада Верона во меч со драматичен финиш, домаќините погодија во 94. минута за
2-1, а гостите потоа во 99. минута на реализираа пенал и трите бода останаа во
Милано.

Мечот е под лупа
на фудбалската јавност поради еден момент на зачетокот од акцијата по која Фратези
донесе огромно славје на „Џузепе Меаца“. Голем број на извори пренесуваат дека
првиот човек на судиите, Џанлука Роки бил бесен поради пропустот кој го направиле
главниот судија Микеле Фабри и главниот во ВАР собата, Луиџи Наса.

Бастони му удри
лакт на Дуда, па Џанлука Роки смета дека ова е јасна грешка и ќе ги казни
двајцата.

Луиџи Наса под
казна нема да суди на натпревари од Серија А во следниот перид, и ќе биде делегиран
на мечеви во Серија Б.

Микел Фабри ќе
помине полесно, веројатно само „ќе одмори“ една недела и нема да биде делегиран
во следното коло во Серија А.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×