Лас Палмас одигра одлично прво полувреме во кое доминираше и со гол на Мунир Ел Хадади во 12. минута дојде до водство од 1-0.
Но, работите се променија во вториот дел. Лас Палмас не беше ниту налик од првиот дел, Барселона не беше брилијантна, но беше активна барајќи израмнување.
Тоа се случи во 56. минута кога Феран Торес постигна гол и го изедначи резултатот на 1-1.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, беше досуден пенал за Барселона по прекршок врз Гундоган. Тој самиот ја изведе најстрогата казна и донесе победа за својот тим од 2-1.
Црна дамка во победата на Барса беше повредата на Жоао Кансело кој по 10 го напушти теренот.
По 19 кола, Барселона е на третата позиција со седум бода помалку од Реал Мадрид и Жирона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.