Јувентус ја наполни мрежата на Салернитана, Јилдиз со ново „голазо“ покажа дека е страшен талент (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата дама“
имаше кошмарен старт на средбата со Салернитана, примија гол во првата минута,
Гати погреши при едно додавање, а Иквуемеси погоди за 0-1 и голема радост на
гостите.

Но во
продолжението се беше во полза на Јувентус, Мирети изедначи на 1-1 во 12. минута,
а Камбијасо донесе предност од 2-1 во 35. минута.

По десетина
минути игра во вториот дел, Ругани зголеми на 3-1, Брон си постигна автогол за
4-1, а во финишот, младиот Јилдиз нанижа неколку противници, постигна ново
„голазо“ и покажа дека е страшен талент

.Во судиското
надополнување имаше време за уште еден гол, Веа прекрасно погоди од далечина и ги постави конечните 6-1 и го
запечати пласманот во четвртфинале во Купот на Италија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×