Мал српски клуб ќе продаде играч за пет милиони евра!

by
1 минути читање

ИМТ Нови Београд кој го носи прекарот Трактористи, минатата сезона направи историски успех откако го освои првото место во втората по ранг лига во Србија и за првпат избори место во Суперлигата на нашиот северен сосед.

По само една помината полусезона во најдобрата српска лига, тие ќе продадат играч за фантастични пет милиони евра и ќе испишат клупска историја и кога трансферите се во прашање.

Се работи за талентираниот напаѓач Милош Луковиќ кој има 18 години.

„Л’Екип“ пишува дека преговорите меѓу Стразбур и ИМТ се одвиваат забрзано и трансферот треба да се реализира во јануари.

Луковиќ на 19 меча во српската Суперлига постигна 10 голови и имаше една асистенција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×