21 годишниот Лазар Самарџиќ важи за еден од најперспективните фудбалери во Серија А, минатото лето беше пред потпис со Интер, пристигна во Милано, ги помина лекарските прегледи но трансферот му пропадна во последен миг откако неговиот татко побара повеќе пари.
Србинот сега се најавува како ново засилување на Наполи и приказната се повторува.
Неговиот татко, Младен Самарџиќ бара плата од 3 милиони евра по сезона, предлогот на Наполи е само 2 милиони евра по сезона.
Плус треба да се пеглаат деталите за имиџ правата и провизијата.
Останува да се види дали двете страни ќе си подадат рака, или на Лазар Самарџиќ ќе му пропадне и овој трансфер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.