Клубовите кои се заинтересирани за Дибала, можат да го купат Аргентинецот за само 13 милиони евра, но тој веројатно ќе остане во Рома.
Според „Газета дело Спорт“, клаузулата за италијанските клубови може да биде нулирана. Односно во договорот стои дека доколку клуб од Италија сака да плати 13 милиони евра за да го добие Дибала, Рома може да му плати бонус од 3 до 5 милиони евра на фудбалерот со што клаузулата ќе биде поништена.
Ваква ставка нема за клубовите надвор од Италија, па тие би можеле да го добијат за 13 милиони евра.
Но, Дибала не размислува за напуштање на Рома, барем не во овој преоден рок.
А дали ќе остане и понатаму, ќе завири од проектот на Рома и иднината на Жозе Мурињо чиј договор истекува по крајот на сезоната.
Договорот на Дибала со Рома трае до јуни 2025 година, а наскоро можат да се случат преговори за продолжување на соработката.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.