Ливерпул синоќа
со 4-2 славеше над Њукасл во натпревар со лудо второ полувреме. „Црвените“ ги
осигруаа трите бода во 86. минута, кога Салах од белата точка го постави
конечниот резултат.
Пеналот го изнуди
Диего Жота, кој доби жестоки критики за својот потег. Португалецот доби одлична
топка во фор, го помина голманот, направи уште еден чекор и потоа падна и
покрај тоа што пред себе имаше празен гол.
Повторените
снимки покажаа дека голманот на Њукасл го закачи напаѓачот по скочниот зглоб,
но критиките се поради задоцнетата реакција на Жота.
Легендата Јан
Рајт на социјалните мрежи напиша: „Преферира да падне наместо да ја смести
топката во празната мрежа! Сега видов сè!“.
На ова се надоврза
Алан Ширер, кој додаде: „Еб*на срамота!“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.