Во претпоследниот
натпревар од 20. коло во Премиерлигата, Ливерпул пред своите навивачи славеше против Њукасл со 4-2.
Чудо беше како на
полувреме резулататот гласеше 0-0, беа поништени два гола, Салах не искористи
пенал, Нуњез промаши зицер, а Арнолд ја затресе пречката речиси од мртов агол.
Но затоа во
продолжението паднаа дури шест погодоци, Салах донесе водство од 1-0, за Исак
изедначи на 1-1.
Потоа следеа два
нови гола на домаќините, Џонс реализираше за 2-1, Гакпо погоди за 3-1.
Ботман ја врати
неизвесноста и намали на 3-2 во 81. минута, но Салах со гол од белата точка во
86. минута ги реши сите дилеми и ги постави конечните 4-2.
Египјанецот испиша
историја на овој меч откако стигна до погодокот број 50 во Премиерлигата во
дресот на Ливерпул. Тој стана само петиот играч со вакво постигнување и се
придружи во одбрано друштво, во кое уште се Кејн, Агуеро, Руни и Анри.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.