Мурињо: Тешко се пробива дефанзивниот ѕид на Јувентус!

by
1 минути читање

Волчицата одигра солиден натпревар, имаше неколку добри шанси, особено онаа на почетокот од мечот кога Кристанте ја погоди стативата. Но, Јувентус во свој стил го доби мечот со еден гол и беспрекорна одбрана.

„Креиравме повеќе отколку што се очекуваше против дефанзивниот ѕид во Торино. Разочарувачки беше што на полувремето отидовме со 0-0 бидејќи бевме поквалитетни во првото полувреме, погодивме статива и креиравме три или четири опасни ситуации“, вели Мурињо.

„Не дадовме гол, а потоа постигнавме несреќен погодок на почетокот од второто полувреме, потоа стана потешко. Јувентус се повелече длабоко, нивната дефанзива е навистина ѕид, тешко е да ја пробиете“.

„Многу сум среќен со начинот на кој го одигравме мечот, среќен сум карактерот кој го покажа мојот тим, но најважни се бодовите и не дојдовме до резултат“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×