Роналдо со уште еден гол го потврди насловот најдобар стрелец во 2023! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со Ерлинг Халанд надвор од стројот поради повреда, а Хари Кејн и Килијан Мбапе без натправари, уште пред неколку дена беше јасно дека Кристијано Роналдо ќе биде најдобар стрелец во светот во 2023.

Вечерва Ал Наср гостуваше кај Ал Тавон, а Португалецот со нов гол само потврди дека ја завршува годината со најмногу погодоци – 54!

Се играше судиското надополнување кога Фофана упати центаршут во срцето на петерацот а Кристијано Роналдо скокна највиско и со глава ја затресе мрежата за конечни 1-4.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×