Манчестер Сити ја заврши 2023 без пораз на домашен терен, се изедначи со Арсенал и дојде на два бода до Ливерпул (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ врзаа
три нерешени средби пред своите навивачи во Премиерлигата, но попладнево им се
вратија на победите.

Избраниците на
Пеп Гвардиола рутински одработија против Шефилд јунајтед и стигнаа до трите
бода со триумф од 2-0.

Резултатот го
отвори Ридри, Шпанецот прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 1-0 ви 14. минута.
Дилемите околу победникот беа решени по еден час игра, Хулијан Алварез погоди
за 2-0.

Со овој резултат,
Манчестер Сити ја заврши 2023 без пораз на домашен терен во Премиерлигата, се
изедначи со Арсенал на табелата и дојде на -2 во однос на лидерот Ливерпул.

Астон Вила се
помачи против Барнли и со гол во финишот стигна до победа од 3-2. Домашни
победи забележаа и Кристал Палас и Вулверхемптон, „орлите“ славеа со 3-1 против
Брентфорд, „волците“ со 3-0 го совладаа Евертон.

На првиот денешен
натпревар, Челси со 2-3 славеше над Лутон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×