Изминатиов период често се говореше дека Карло Анчелоти е прв избор на Бразил за нов селектор, „кариоките“ дури беа подготвени да чекаат до летото во 2024 за да стигнат од потписот на Италијанецот.
Но попладнево Реал Мадрид брифираше дека Карло Анчелоти останува на „Бернабеу“ и дека добил нова соработка до јуни 2026 година.
Како што пренесува Атлетик, во новиот договор има специјална клаузула.
Со помош на оваа клаузула, Реал Мадрид може да именува друг тренер во следниот период, а Карло Анчелоти да продолжи во клубот во поинаков капацитет.
Атлетик додава дека ова не се случува прв пат во Мадрид, кога Сантјиаго Солари беше заменет со Зинедин Зидан во мат 2019, Аргентинецот остана дел од клубот и доби функција во раководството.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.