Засилувањето од 60 милиони на Челси се врати по 4 месеци пауза, одигра 30 минути и пак се повреди

by
1 минути читање

Минатото лето, Ромео Лавија беше инволвиран во трансфер битка помеѓу Ливерпул и Челси. „Црвените“ први договорија трансфер на фудбалерот од средниот ред, но потоа „сините“ понудија повеќе пари (нешто под 60 милиони фунти) и го украдоа.

Но талентираниот фудбалер од Белгија веднаш доживеа пех, се повреди и дури вчера ги одигра првите минути во дресот на Челси.

Доби половина час против Кристал Палас, прикажна солидна партија, но во Челси ќе бидат во исчекување, Ромео Лавија повторно се повреди.

„Малку сум загрижен за Лавија, на крајот имаше одредени проблеми, но ајде да се надеваме дека не е нешто сериозно“ – рече Маурисио Покетино, а медиумите брифираат дека се работи за повреда на бутниот мускул.

Самиот играч се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Тоа што долго време работев на враќање на терените само го направи поубав овој момент. Минав низ неколку тешки месеци, но сега сум среќен и благодарен што се вратив на теренот со мојот тим. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, чест ми е што конечно го облеков овој дрес“. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×