Тен Хаг откри што ги советувал играчите на полувремето и порача: Се промени една работа…

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ конечно се израдуваа на победа откако синоќа со 3-2 ја совладаа Астон Вила, и тоа со голем пресврт во второто полувреме, по првите 45 минути имаа заостанување од два гола.

„Атмосферата се промени многу од првото во второто полувреме“  – вели Тен Хаг.

„Но ако го погледнете првото полувреме, одигравме прилично добро и бевме во негатива само поради два прекина, во тие моменти не бевме доволно фокусирани“.

„На полувремето, им реков на момците, „Продолжете да верувате во себе, продолжете да ги правите истите работи, па и уште подобро““. Моравме да го ставиме противникот под поголем притисок. На 1-2, кога го зголемивме притисокот видовте што се случи“.

„Кога играме на најдобро ниво, можебе да победиме секого. Мораме да веруваме во себе, дури и кога губиме 0-2. Мораме да да притискаме, да покажеме карактер и денеска го сторивме тоа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×