Диего Жота се
повреди против Манчестер Сити и се веруваше дека годината за него е завршена.
Но Португалецот
денеска се врати на теренот и со гол ги запечати трите бода на гостувањето кај
Барнли.
„Го „шверцувавме“.
Тренираше само два пати и лекарскиот тим сакаше да одработи барем уште еден
тренинг, а јас предложив да тренира во Барнли“ – вели Јирген Клоп.
„Сега од утре ќе
може нормално да тренира и се надевам дека ќе биде подготвен за пресметката со
Њукасл. Победа од 2-0 и немаме нови повреди, топ е“.
Тој потоа додаде:
„Го обожавам Диего, тој е многу важен играч за нас. Ја менува динамиката, но често
знае и да промаши“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.