Гарначо откри што им кажал на соиграчите на полувреме и порача: Ние сме Манчестер јунајтед, никогаш не се откажуваме!

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед влезе во резултатска криза откако на последните четири натпревари не
успеа да постигне гол и забележа дури три порази. Првото полувреме против Астон
Вила навестуваше ново разочарување, гостите водеа со 0-2.

Но „ѓаволите“
направија голем пресврт во продолжението од мечот и на крајот славеа со 3-2.

„Ние сме
Манчестер јунајтед. Губевме со 2-0, но никогаш не се откажуваме“
– вели Алехандро
Гарначо, кој со два гола го навести кам-бекот.

„Во соблекувалната
на полувреме им реков на момците дека ни треба само еден гол за да се вратиме
во игра“.

Пресвртот го
комплетираше Хојлунд, кој го постигна голот првенец во Премиерлигата.

„Среќен сум за
Расмус. Луѓето постојано зборуваа за напаѓачите на Манчестер јунајтед, дека не
постигнуваме доволно голови. Денеска Рашфорд запиша асистенција, јас два гола,
еден Хојлунд“.

„Ова е еден од
најдобрите денови во мојот живот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×