Гигантите се „тепаат“ за проблематичното дете на Баерн, подготвени се да платат и до 40 милиони евра

by
1 минути читање

Џошуа Зиркзе
важеше за еден од поталентираните играчи во школата на Баерн Минхен, но никогаш
сериозно не се наметна во првиот тим и често добиваше критики дека ја нема
правата мотивација на тренинзите, а тренерскиот персонал на „баварците“ имаше и
замерки за неговиот говор на телото.

Критиките беа најжестоки
пред почетокот на сезоната 2021/22, кога на подготовките, на тест натпревар
против Ајакс покажа ноншалантност и не погоди празен гол. Тогашниот предводник
на Баерн, Јулијан Нагелсман јавно „распали“ по играчот и му замери за несериозната
која ја прикажува.

Кратко потоа беше
испратен на позајмица во Андерлехт, а следното лето беше продаден на Болоња.

Под водство на
Тијаго Мота, офанзивниот фудбалер си ја врати кариерата на прав пат, до овој
момент постигна 7 погодока во Серија А, па често е дел од трансфер
шпекулациите.

Во Калчото има
неколку обожаватели во имињата на Интер, Милан, Наполи Јувентус. ПСЖ исто така
го има во својот бележник, како и Манчестер јунајтед.

Се говори дека
цената на офанзивниот фудбалер е 40 милиони евра, но последниот збор ќе го има Баерн Минхен, кој поседува опција да го врати Џошуа Зиркзе во своите редови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×