Килијан Мбапе не
ја искористи опцијата да ја продолжи соработката со ПСЖ до 2025 година, па на
почетокот од следната година ќе почне да ги одработува последните шест месеци,
а со тоа ќе има и одврзани раце да преговара со други клубови.
Се очекува неизвесноста
околу иднината на напаѓачот да трае со месеци, а како што пренесува Ревело, во
игра се три опции.
Преселба во Реал
Мадрид е една од нив, Флорентино Перез со години се обидува да го донесе
напаѓачот на „Бернабеу“.
Продолжуавање на
кариерата во Премиерлигата е втора опција, неколку клубови како Ливерпул,
Манчестер Сити и Челси внимателно ја следат ситуацијата.
Третата опција е
Килијан Мбапе да продолжи во ПСЖ и да си подаде рака со „светците“ за нов
договор.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.