38-годишниот хрватски фудбалер има неколку понуди, а шпанските медиуми пишуваат дека тој веќе има и договор со наредниот клуб.
„Модриќ пред неколку недели им рекол на челниците на Реал Мадрид дека заминува. Иако имаше интересна понуда од Интер Мајами, на крајот пресудна беше улогата на Кристијано Роналдо. Португалецот е во постојан контакт со Модриќ, својот поранешен соиграч, па го убедил да му се приклучи во Ал Наср“, велат Шпанците.
„Условите во договорот не се познати, но се прогнозира дека хрватскиот репрезентативец ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона. Постоела опција тој уште во јануари да замине, но и Модриќ и Реал Мадрид не се сложиле со тоа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.