Мело објасни зошто тргнал да се тепа со ѕвездите на Сити и порача: Јасум воин, ако треба пак ќе го сторам истото!

by
1 минути читање

По крајот на
финалето помеѓу Манчестер Сити и Флуминенсе на Светското клупско првенство, дојде
до инцидент и мешаница.

Фелипе Мело тргна
да се тепа со ѕвездите на „граѓаните“ и влезе во клинч со Кајл Вокер.

Фудбалерот на
Флуминенсе потоа откри дека виновен за сето ова бил Џек Грилиш, кој покажал
непочитување.

„Денеска Грилиш
покажа непочитување кон Флуминенсе и никогаш нема да го дозволам тоа. На крајот
од натпреварот викаше „оле“. Ова е за навивачите, тие можат да викаат „оле““
– вели
Фелипе Мело.

„Фудбалерите долу
на теренот не треба и не смеат да покажуваат непочитување кон институцијата“.

„Идиотите кои се
нарекуваат новинари рекоа дека јас сум ја започнал мешаницата, но јас не почнав
ништо, јас само тргнав да го бранам Мартинели, кој беше нападнат од играчите на
Сити“.

„Не се каам, јас
сум воин, ако треба пак ќе го сторам истото!“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×