Гвардиола: Постигнавме нешто што ниту еден друг англиски клуб не успеал!

by
1 минути читање

Манчестер Сити минатата година ја освои Премиерлигата, Лигата на шампионите и ФА Купот, а сега на листата на трофеи го додаде и оној од Светското клупско првенство.

Пеп Гвардиола е горд на големиот успех кој го постигна со неговиот тим.

„Би сакал да кажам дека имавме чувство дека ќе го затвориме поглавјето со освојување на Светското првенство. Ги освоивме сите титули, имам чувство дека работата е завршена“, вели Гвардиола.

„Толку сум горд на овој клуб… ова е нешто што ниту еден друг англиски тим никогаш не го постигнал“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×