Јовиќ со гол во 90. минута го спаси Милан од срамен пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Легендарниот Пипо Инзаги му откина два бода на „својот“ Милан, а малку фалеше да бидат и сите три.

Милан одлично тргна во мечот, поведе со гол на Томори во 17. минута. Пред крајот на првиот дел Фацио изедначи на 1-1.

Во 63. минута Кандрева постигна гол за комплетен пресврт и водство на Салернитана од 2-1.

Домаќините водеа до 90. минута, беа многу блиску до победа, но тогаш Јовиќ погоди и го спаси Милан од пораз. Конечниот резултат беше 2-2.

Фиорентина со 1-0 славеше на гостувањето кај Монца. Гостински победи обезбедија и Лацио со 2-0 кај Емполи и Џенова кај Сасуоло со 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×