Де Лаурентис објасни зошто Наполи го продал Елмас!

by
1 минути читање

Елмас лани даде голем допринос за освоеното Скудето иако натпреварите најчесто ги почнуваше од клупата за резерви. Неговата ситуација не се промени ниту под водство на Гарсија и Мацари, па логичниот потег беше да замине.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека го продале Елмас затоа што сакал да игра постојано.

„Го продадовме Елмас, готово е. Тој сакаше постојано да игра, па решивме да го пуштиме“, рече Де Лаурентис.

Наполи за продажбата на Елмас ќе добие 25 милиони евра од Лајпциг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×