Манчестер јунајтед цело лето го бркаше, а Тен Хаг по три месеци одлучи дека не е кадарен за Премиерлигата!

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ цело лето го бркаа Софијан Амрабат и конечно успеаја да го донесат во последните мигови од преодниот рок, Мароканецот пристигна на позајмица со опција во целост да биде купен по крајот на сезоната.

Но по само три месеци, Манчестер јунајтед одлучил дека нема да ја искористи опцијата за перманентен трансфер, сметаат дека Софијан Амрабат не е кадарен за Премиерлигата.

Ерик тен Хаг и раководството на клубот мислат дека темпото на игра во Премиерлигата е превисоко за Софијан Амрабат, кој не може да се снајде и често не обезбедува соодветна заштита на последната линија.

Исто така, младиот Коби Маину со добрите партии се повеќе се наметнува и му дава опција плус на Ерик тен Хаг кога е во прашање дефанзивата во средниот ред.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×