Давид Алаба заработи
сериозна повреда на синоќешниот натпревар против Виљареал, настрадаа
лигаментите на коленото, и сезоната за фудбалерот од Австрија е завршена.
Слична повреда
претходно заработи и Едер Милитао, па Реал Мадрид е тенок во одбраната и Карло
Анчелоти најави дека во следните денови ќе одлучат дали ќе донесат ново име во
зимскиот преоден рок.
Како што пишува
АС, во бележникот на „кралевите“ има три перспективни дефанзивци во имињата на Гонсало Игнасио, Џорџо Скалвини и Антонио Силва.
Но ниту еден од
нив не е евтин, Гонсало Игнасио во договорот со Спортинг Лисабон има откупна клаузула од 60 милиони
евра, Аталанта бара најмалку 50 милиони евра за услугите на Џорџо Скалвини, додека
пак Бенфика го проценува Антонио Силва на 80+ милиони евра.
АС додава дека
има и една опција за која нема да биде потребна огромна сума на пари, станува
збор за 21 годишниот Вилијан Пачо од Ајнтрахт Франкфурт.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.