Карло Анчелоти ги потврди лошите вести за Реал Мадрид велејќи дека првпат му се случува тројца фудбалери од неговиот тим да скинат лигаменти во текот на една сезона. Пред Алаба тоа им се случи на Куртоа и Милитао.
„Алаба ги скина лигаментите, тоа се многу тажни вести. Првпат ми се случува тројца од моите фудбалери да скинат лигаменти, тоа е неверојатно“, вели Анчелоти.
Реал Мадрид не планираше да биде активен во јануарскиот преоден рок, но тешката повреда на Алаба ги менува работите.
„Во следните денови ќе видиме дали ќе купиме некој во јануари“.
„Чуамени може да игра како централен дефанзивец, тоа ни е планот за итност“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.