Актуелниот договор на Жозе Мурињо со Рома истекува по крајот на оваа сезона. Засега нејасно е дали ќе потпише нов или ќе си замине.
Тој првпат јавно кажа дека сака да го продолжи договорот, но иста желба треба да имаат и сопствениците на клубот.
„Ќе ви кажам нешто што досега не сум го кажал бидејќи не сакав да го кажам. Сакам да продолжам во Рома. Сакам да продолжам тука. Доколку заминам, тоа нема да биде поради моја одлука“, откри Мурињо.
„Доколку продолжам во Рома, треба навистина да размислиме што да правиме со ограничувањето од Финансискиот фер плеј. Можеби подобро е да работиме со млади играчи и да развиваме за во иднина отколку со играчи кои не може веќе да се развиваат“.
„Ги знам димензиите на овој тим, кога сите играчи се на располагање, тогаш имаме квалитет и можеме да се бориме со секој. Лани не завршивме во топ четири бидејќи стигнавме до финалето од Лига Европа. Без клучните играчи, ни е тешко“.
„Не сум разговарал со клубот. Вие сте први на кои им кажувам. Кога фановите гледаат ваква игра од тимот како денеска (поразот од Болоња), нема што многу да се сака. Колку километри тие патуваа да го гледаат овој тим, да нѐ бодрат 92 минути?“.
„Тие се посебни и би било тешко да се разделам од овие фанови. Доколку се разделам од нив, тоа никогаш нема да биде по мој избор. Никогаш“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.