Гвардиола и Сити меркаат фудбалер на Жирона, но прво мора да го прашаат Реал Мадрид

by
1 минути читање

Жирона е најпријатното изненадување во Ла Лига оваа сезона и изненадувачки лидер на табелата, па неколку играчи го привлекуваат вниманието на гигантите.

Еден од нив е 22 годишниот Мигел Гутиерез, последните информации велат дека Манчестер Сити и Пеп Гвардиола сериозно загризале за неговите услуги.

Жирона и Манчестер Сити имаат исти газди, па се очекува да нема многу проблеми во преговорите помеѓу двата клуба, но многу работи зависат и од Реал Мадрид.

„Кралевите“ поседуваат 50% од сопственоста на играчот, и имаат опција за 8 милиони евра да го вратат Мигел Гутиерез во своте редови.

Па дoколку Манчестер Сити достави конкретен пердлог, Реал Мадрид ќе биде известен и ќе одлучи дали ќе ja искористи опцијата да го купи Мигел Гутиерез, или ќе дозволи фудбалерот да направи трансфер и да добие 50% од сумата.

Шпекулациите велат дека Мигел Гутиерез има откупна клаузула вредна 35-40 милиони евра, и ова е сумата која ќе треба да ја платат сите други, освен Реал Мадрид.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×