Досегашниот дел од сезоната не може да биде полош за Челси и Покетино. Тимот се наоѓа на 12 позиција со само пет победи од 16 натпревари
Но и покрај тоа Покетино верува дека ќе се променат работите и тој и Челси ќе бидат успешна приказна.
„Ќе успееме. Сигурен сум, тоа ќе се случи“, вели Маурисио Покетино.
„Најтешката работа во фудбалот е да продолжиш да веруваш и кога резултатите се лоши, јас продолжувам да верувам“.
„Можеби денес ќе речете: овој е луд! Но не сум луд. Знам што правам. Имам 51 година“.
„Мојата одлука да потпишам за Челси беше бидејќи им верувам на сопствениците. Ќе продолжам да верувам бидејќи клубот покажува дека верува во мојата работа. Тоа е јасно“.
„Немам сомнеж дека ќе успееме и покрај тоа што сѐ е против нас. Запаметете ги моите зборови“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.